Со ниедни пари не можете да го купите нашето достоинство, порача Чибишев

Со економските мерки на техничката Влада дел од здравствените работници ќе земат по 20 % повисоки плати во наредните два месеци. Тоа е во просек изнесува од 200 до 400 евра повеќе за два месеци, реагира др. Андон Чибишев.

Како не ви срам бре непрокопсани на ваков начин да се обидувате да ги навредувате здравствените работници кои во овие два месеци здравствена криза дома не си отишле, фамилиите не си ги виделе, главата во торба ја носат.

Толку ли вреди достоинството и честа, па и животот на еден здравствен работник?

Нема да зборувам како ги наградија здравствените работници државите од опкружувањето, само ќе споменам дека рекетарите од СЈО на име бонуси за сложеност на работата која ја работата земаа илјадници евра, други среќници од Фондот за иновации земаа стотици илјади евра за проекти кои никој не ги видел, Владата троши илјадници евра за вина, виски, апетисани, бифтеци……

Имате ли малку чувства и почит? Жално непрокопсани, многу жално.

Господ да ги чува сите мои колеги, колешки и соработници. Со ниедни пари не можете да го купите нашето достоинство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.