Со ново писмо (ракописно) Јанева од притвор ја активира условената оставка

Специјалната обвинителка Катица Јанева со ново писмо од затвор го известила Советот на јавни обвинители дека ја активира условената оставка поднесена на 15 јули годинава, објави Сител.

Претседателот на Советот на јавни обвинители за Пресинг Тв информира дека допис до нив се уште не е стигнат.

„Се уште дописот не пристигнат. Ако стигне ќе го разгледаме. Сега е неработно време, ако е испратено веројатно утре ќе пристигне“, ни одговори Колевски.

Оставката споре инормациите напишана рачно, доаѓа во ист ден кога Комисијата за избори и именување донесе едногласна одлука на Собранието да му препорача разрешување на Јанева.

Таа на денот на апсењето на Боки13 поднесе условена оставка, најавувајќи дека ќе се повлече штом се избере нејзин заменик.