Со нож нападнал социјален работник

Велешанец со нож се заканувал на социјален работник, информираше МВР.

Станува збор за Д.К. (59) против кого е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста.

Инцидентот се случил на 20.04.2018 година во Центарот за социјални работи во скопската населба Бутел.
Тогаш осомничениот поради укината социјална помош, со нож и се заканил на вработена во Центарот.