Со нож повредил 14 лица во автобус

Четиринаесет лица се повредени, од кои две сериозно, во напад со нож во автобус во германскиот град Лубек, објавија локалните медиуми.

Полицијата во градот, во северната држава Шлезвиг-Холштајн, изјави дека во тек е голема полициска операција.

Според непотврдени извештаи од локалните медиуми, напаѓачот бил уапсен од полицијата.

Во моментов во Лубек постои голема полициска акција. Ние работиме на истрагата и повеќе информации ќе има подоцна, велат од полицијата.