Со омикрон сојот заразени 13 фудбалери на португалски клуб, го пријавуваат сѐ повеќе земји

Португалските здравствени власти потврдија во понеделникот дека 13 фудбалери и членови на стручниот штаб на лисабонскиот прволигаш Беланенсес се заразени со омикрон варијантата на коронавирусот со што се зголемува бројот на земјите кои потврдија зарази со новиот сој на вирусот SARS-CoV-2.

Според објавата, еден од играчите неодамна се вратил од Јужна Африка, а случаите на заразата се утврдени по натпреварот на Белененсес со Бенфика во саботата. Само девет играчи на Беланенсес истрчаа на теренот, а другиот дел од тимот беше во изолација. По полувремето Беланенсес имаше само седум играчи, а дуелот беше прекинат во втората минута од второто полувреме со водство на Бенфика од 7:0.

„Сите сме во изолација, освен јуниорите кои не играа во саботата. Дома во изолација се 44 лица. Двајца или тројца играчи и тројца членови на стручниот штаб имаат симптоми, но ништо претерано сериозно. Другите се асимптоматски. Сите ќе ги повторуваме тестовите, додека здравствените власти тоа го одобрат“, изјави портпаролот на клубот во понеделникот, пренесе Associated Press.

Бекот на Белененсес, Кафу Пете, бил позитивен на Covid-19 по враќањето од натпреварот за репрезентацијата во Јужноафриканската Република минатата седмица.

Претседателите на Бенфика и на Беланенсес изјавија за медиумите во саботата дека натпреварот мора да се одигра, бидејќи во спротивно клубовите би биле казнети поради „неоправдано отсуство“. Ја обвинија лигата и портигалската агенција за јавно здравство DGS, бидејќи не дозволија одложување на натпреварот.

Од DGS во понеделникот порачаа дека не коментираат фудбалски натпревари. Портпаролот на агенцијата вели дека здравствените власти не може да го одложат мечот, туку само да ја проценат ситуацијата со Covid-19 и да наметнат мерки како што е самоизолација.

По низата земји викендов, омикрон варијантата е потврдена и во Австрија, Шкотска, Канада. Во австриската покраина Тирол првиот случај на омикрон е идентификуван кај лице кое неодамна во Јужноафриканската Република, објави владата.

„Имаме резултатите кои ни овозможуваат да потврдиме дека случајот откриен во саботата сигурно е варијантата B.1.1.529 (омикрон)“, потврдиле од австриското министерство за здравство за новинската агенција APA.

Во Шкотска се забележани шест случаи на зараза со омикрон варијантата на коронавирусот, а тамошните здравствени власти засега не знаат како се случило тоа.

„Шкотскиот завод за јавно здравство (Public Health Scotland) ќе спроведе засилено следење на контактите во сите случаи. Тоа ќе го помогне утврдувањето на потеклото на вирусот и пронаоѓањето на другите лица кои биле во контакт со вирусот во изминатите седмици“, вели шкотскиот министерс за здравство Хумза Јусаф кого го цитира агенцијата Reuters.

И Канада потврди дека во неделата идентификувала два случаи на омикрон варијантата кај лица коишто неодамна патувале во Нигерија и тие се ставени во изолација во Отава, пренесува AFP.

Израел, пак, во понеделникто го забележа вториот случај на зараза со омикрон варијантата, а заразена е вакцинирана жена која неодамна се вратила од Јужна Африка и дека е во добра состојба. Министерството за здравство работи на откривање на контактите, а се проверуваат можни дополнителни 11 случаи, пишува израелскиот весник Haaretz.

Два случаи на омикро-зараза се потврдени во германската јужна покраина Баварија, а се сомнева и на еден случај на западот на земајта. Еден случај на зараза со оваа варијанта на коронавирусот и во северната италијанска метропола Милано кај лица кои допатувале од Мозамбик.

Чешките здравствени власти соопштија дека анализираа можна зараза со омикрон варијантата кај лице коешто извесно време престојувало во Намибија. Австралија во неделата објави дека две лица коишто допатувале од Јужноафриканската Република биле позитивни на тестото за омикрон варијантата.

Омикрон варијантата на коронавирусот првпат е идентификувана во Јужноафриканската Република, поради што многу земји воведоа рестрикција за патниците од оваа земја.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) порача дека омикрон варијантата претставува „многу висок“ глобален ризик. Експертите спекулираат дека варијантата којашто има 32 до 100 мутации на „шилестиот“ протеин на вирусот, може да биде позаразна од претходните и дека полесно може да го избегне имунитетот стекнат со вакцинирање и прележување на коронавирусната болест Covid-19.