Сојот омикрон стигна во Грција, преку Јужна Африка во Крит

Во Грција е откриена нова мутација на коронавирусот, наречена омикрон, потврди министерот за здравство Танос Плеврис, јавува Нова. Заразен е грчки државјанин на Крит, кој неодамна пристигнал од Јужноафриканската република и моментално е во карантин. Кога стигнало на аеродромот минатиот петок (26 ноември), лицето се покажало негативно, но три дена подоцна било позитивено на ПЦР-тестирање.

– Излегува дека станува збор за омикрон-сојот. Сите контакти на пациентите беа следени и нивните тестови биле негативни на коронавирусот. Тие сѐ уште се под надзор – рече Теоклис Заутис, претседател на грчката национална здравствена организација.

Грчките власти минатата недела повторија дека нема да има целосен локдаун и нови мерки за вакцинираните против коронавирусот, и покрај појавата на новата варијанта и зголемувањето на позитивните случаи.

– Нема да ставиме карантин, правиме сѐ што е можно за да го ограничиме ширењето на пандемијата, да го зајакнеме националниот здравствен систем и да го зголемиме опфатот на вакцинирани, вклучително и со третата доза – рече владиниот портпарол Јанис Економу на прес-конференција.