Со „пежо“ удрил во 80-годишна жена

Вчера на улицата „Војвода Васил Чакаларов“ во Скопје Д.К. (41) со возило „пежо 307“ удрил во пешакот В.Х. (80) од Скопје.

Во незгодата В.Х. добила тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, за укажување лекарска помош. Увид на местото извршиал екипа од СВР Скопје.