Со премиер Албанец, ќе го урнеме последното табу

Проектот за Албанец премиер не е ад хок идеја на ДУИ, туку важно парче од мозаикот на стартегијата на ДУИ за постигнување на целосна еднаквост, и треба да се заврши со рушење на последното табу, последното место на отпор за другите заедници да бидат позиционирани, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

– Во оваа држава сите сме едкакви, секој има право да биде избран и да избира. И од тука идејата е да се избере првиот премиер Албанец, премиер на еднаквоста кој што ќе ги сруши сите стереотипи и табуа дека во оваа држава се уште постојат места каде Албанците не можат да пристапат – рече Османи.

Тој посочи дека ова било најавено уште во 2009 на конгресот на партијата кога Али Ахмети спомнал 12 позиции во државата кои се недопирливи за Албанците меѓу кои и Народниот правобранител, Претседателот на Собранието, Премиерот на државата, Претседателот на државата.

– Сите во овој период се остварија. Имавме и министер за одбрана Албанец, и претседател на Врховен суд и претседател на Собрание. Така што логичен след дека сега е време да се руши и  последното место на отпор кон предрасудите дека етнички монопол кон која било позиција во Владата. Ова е моментот, Албанците тоа го чувствуваат и се мобилизираат масовно. Оваа идеја не е партиска туку надпартиска идеја и проект, и очекуваме поддршка од сите – рече Османи запрашан дали идејата за Албанец премиер не е популизам.

Тој очекува за оваа идеја поддршка не само од албанските граѓани и албанските политички партии и организции, туку, вели, и од македонските граѓани и партии кои не сакаат да ја видат државата како место каде се уште постојат  предрасуди и етнички монопол. Смета дека свеста за тоа расте и кај македонската заедница, бидејќи, вели, сите добија со именувањето на Албанец за претседател на Собранието, за министер за внатрешни работи, министер за одбарна, претседател на Врховен суд.

– Ова е процес за кој секогаш на почетокот се изразуваат дилеми, се отфрла. Ист ваков отпор имавме за секој наш проект, исто вакво одбивање имавме и од страна на некои албански политички партии, но на крај излезе дека оваа држаца само стана посилна, посплотена и поунифицира со сите рушења овие предрасуди и помопол – рече Османи.