Со пристап до интернет 86,6 проценти од домаќинствата

Во првиот квартал годинава 86,6 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што претставува зголемување за околу три проценти во однос на 2021 година, кога биле 83,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 88,3 проценти, а 73,9 проценти го користеле неколку пати во текот на денот.

Во последните 12 месеци, 49,5 проценти од лицата нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет, наведува ДЗС.