Со ребалансот Буџетот за годинава 3,95 милијарди евра, дефицитот 6,8 отсто од БДП

Вкупните расходи, со ребалансот на Буџетот за, годинава, што го донесе Владта вчера на седница, е 3,95 милијарди евра и е за 1,4 отсто поголем во однос на иницијалниот буџет за годинава, соопшти министерката за финансии денеска на прес-конференција.

Приходите, како што рече, со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво 3,2 милијарди евра и истите се помали за 11,5 отсто или за 25,5 милијарди денари (414,6 милиони евра) во однос на планот.

Дефицитот е позициониран на 6,8 отсто од БДП, што, како што рече, е во линија на проекциите на Европската комисија.

Ребаланс е за опоравување и рестарт на економијата во услови на  Ковид-19, целта  е реално да се прикажат очекувањата како резултат на здравствениот и економски шок предизвикан од КОВИД, рече министерката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.