Со реклами се засилува ЛГБТ кампањата за истополови бракови кои ќе може да посвојуваат деца

289

ЛГБТ сајт од Македонија почна со платена кампања и реклами, во кои порачуваат дека премеирот Зоран Заев е отворен за хомосексуални бракови и истополовите двојки да може да посвојуваат деца, а функционерки од СДСМ го поздравуваат ЛГБТ активистот познат како Боки 13-ка за неговата изјава дека сака да посвои три деца.

ЛГБТ сајтот Queer.mk почна со платена кампања и реклами во Македонија со наслов и порака дека премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев е отворен за дебата за легализација на хомосексуалните бракови, што значи и посвојување на мали деца од хомосексуални двојки.

 

Изминативе денови беше емитувана платена кампања и реклама низ цела Македонија преку платени огласи на Facebook, а станува збор за информацијата за отвореноста на премеирот Зоран Заев кон дебата и прифаќање на легализација на хомосексуалните бракови, кои потоа ќе можат да посвојуваат малолетни деца.

Фросина Ременски од СДСМ со силна поддршка и аплаузи за ЛГБТ активистот Боки 13 лично присуствуваше на неговата објава за желбата да посвои три деца. Пратеничката на СДСМ Ременски, со своето лично присуство на неговата објава, му даде силна поддршка ЛГБТ активистот.

boki-remenski-naslovna-1-640x319

Бојан Јовановски или Боки 13 истакна дека ќе поднесе барање до надлежното Министерство за труд и социјална политика, каде што министерка е „неговата пријателка и поддржувач“ Мила Царовска од СДСМ, а минатата седмица се сретна со премиерот Зоран Заев и со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Пратеничката Ивана Туфегџиќ која е дел од владејачкото мнозинство и стана пратеник како кандидат на СДСМ, пак, во петокот велерта во текот на гостувањето на Топ Тема на Телма телевизија, изјави дека хомосексуалците треба да склучуваат бракови и да посвојуваат деца.

На прашањето на дали треба да има истополови бракови во Република Македонија, таа изјави дека смета треба да има хомосексуални бракови.

Исто така, на прашањето дали смета дека хомосексуалните двојки треба да посвојуваат деца, пратеничката Ивана Туфегџиќ од СДСМ истакна дека гледа позитивно на сите прашања коишто се отворени за ЛГБТ заедницата, согласувајќи се дека хомосексуалците треба да посвојуваат деца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.