Со ревијалната вечер почна „Макфест“

Синоќа во Штип се одржа 35. издание на најреномираниот музички фестивал во нашата земја, „Макфест“.

Поради пандемијата на коронавирусот за првпат во неговата историја „Макфест“ се одржа на отворено, на градскиот плоштад „Слобода“.

На ревијалната вечер беше направена ретроспектива на песни и изведувачи кои го обележаа фестивалот изминативе 35 години.

Лидија Кочовска, Дарио, Ристо Самарџиев, Трајче Манев, Олгица Христова, „Интервали“ и други наши изведувачи во придружба на оркестарот „Биг Бенд“ и под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски ја потсетија публиката на најголемите и најслушани хитови кои биле изведени на „Макфест“, а се слушаат и денес.

Преку видео пораки публиката и организаторите ги поздравија и фронтменот на групата „Поп дизајн“ и Словенката Хелена Благне.

Организаторите на фестивалотму оддадоа почит и на Драган Вучиќ, кој пролетва ја изгуби битката со коронавирусот.