Со СДСМ и тоа го има – За Бајрам карантин, ама од вторник може во кафана

58-часовниот карантин, за претстојниот викенд кој е продолжен со два празника, ќе почне в сабота во 19 часот и ќе заврши во 5 часот во вторник. Граѓаните уште еднаш се ставаат во апсолутна изолација и предолг полициски час, што заликува на глумење надмоќ, кога политичката манипулација е толку очигледна.

Министерот Венко Филипче, кажа дека причината за карантинот, била „непослушноста“ на народот. А зголемениот број на новодијагностицирани од Ковид 19 било поради семејните собири што се случувале изминатите денови. И затоа, ваквата ригорозна мерка ќе ги ставела во послушност граѓаните.

Од друга страна, како експертско решение, веднаш по карантинот од сабота до вторник, Филипче најави отворање на кафаните, бидејќи со карантинот, веројатно се смета дека ќе се стави крај на епидемијата, па од вторник, свечено граѓаните ќе може да се дружат во угостителските објекти. И секако, после отворање на кафаните, граѓаните ќе треба да се чувствуваат безбедни за брзи парламентарни избори.

Од далеку се чита дека овој карантин е очигледна политичка мерка, бидејќи нема никаква логика, веднаш по карантин да се отвораат кафулиња, ресторани и слични објекти, места каде што секако има групирања, кои во услови на епидемија се забранети.

Министерот Филипче вчера посочи и дека откако ќе се отворат угостителските објекти сладната недела, ќе се размислува и за скратување на полицискиот час.

Значи, претстојниот карантин ќе треба да ги овозможи условите за комплетно релаксирање на мерките преземени во оваа кризна ситуација?

Но, реалноста е сосема друга… Македонија сѐ уште е високо на листата според смртни случаи од коронавирусот во регионот. Бројот на новозаразени секојдневно е ист како кога беше пикот на епидемијата.
Само вчера починаа четири пациенти, а имаше нови 19 лица инфицирани од Ковид-19. Засега, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.858. Бројката на оздравени пациенти е 1.367, а на починати е 110.