Со секира бркала разбојници, полицијата ги приведе

57

Полицијата приведе двајца млади разбојници кои се обиделе да извршат тешка кражба и да нападнат жена која ги фатила како и го ограбуваат домот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против 20-годишните штипјани В.И. и Е.Џ. за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“.

Пријавените на  10 март околу 20,20 часот, во селото Голема Црцорија, кривопаланечко насилно влегле во куќата на Љ.Д.  Тие прво ги исклучиле осигурувачите од струјата и одземале 1.200 евра и околу 50.000 денари. Откако Љ.Д ги забележала пријавените се обиделе да извршат разбојништво над неа, но истата им се заканила со секира и почнала да бара помош при што насилниците избегале од куќата. Во текот на истиот ден во 21,50 часот, во село  Крстов Дол пријавените се обиделе да извршат тешка кражба во помошен објект-гаража сопственост на С.С. но откако не нашле ништо го напуштиле местото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.