Со SELECT Promo на ОНЕ,неограничени разговори и СМС кон сите, интернет и бесплатен телефон

Од денеска, ОНЕ го збогатува своето постоечко SELECT портфолио и лансира два нови тарифни модели: SELECT Promo M и SELECT Promo L. Промотивно и единствено во ОНЕ корисниците имаат можност да изберат SELECT Promo M за месечна претплата од само 599 денари со која добиваат:
неограничени разговори кон сите национални мрежи,5000 МB интернет вклучен во претплатата,неограничени СМС пораки и Alcatel C1 телефон за 0 денари или попуст од 3000 денари за телефон по избор.

Во SELECT Promo L за месечна претплата од само 699 денари, добиваат: неограничени разговори кон сите национални мрежи, 10 GB интернет вклучен во претплатата, неограничени СМС пораки и попуст за телефон од 5.000 денари

Понудата е достапна за нови приватни и бизнис корисници, но и постоечки корисници, кои ќе направат обнова на договор на нови 24 месеци.

“Со новата понуда од ОНЕ која ја најавивме преку распеаниот дедо во автобусот, девојките на елеваторот, момчињата во ГТЦ и дечкото на Рекорд сакавме да внесеме свежина, радост , оптимизам, а воедно и да ја претставиме најатрактивната постпејд понуда на телекомуникацискиот пазар во земјава. Со специјално креираниот #распеани ОНЕ ја постигна целта да внесе позитивен дух меѓу граѓаните, многу комуникација и забава и уште еднаш да се позиционира како уникатна компанија и во делот на маркетинг комуникацијата”, изјави Виктор Доневски, Главен маркетинг директор во ОНЕ.

Ова е првата кампања на ОНЕ за оваа година во која носечка улога има заштитното лице, поп ѕвездата Каролина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.