Со солзавец по градоначалникот на Љубљана

Тоа го направил еден од демонстрантите од собирот во знак на поддршка на антикорупциската комсија, која неодамна демонстративно поднесе оставка. Јанковиќ по три часа поминати во болница бил пуштен на домашно лекување.

Полицијата објавила дека се’ уште трага по напаѓачот.

Партијата Позитивна Словенија, чиј основач е Јанковиќ, го осудила инцидентот кој, како што се оценува, покажува како еден легитимен протест може да се претвори во насилство.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.