Со струја од ЕСМ ќе се снабдуваат и петте фирми што имаат фотоволтаици

Решен е проблемот за петте фирми кои имаат поставени фотоволтаици, кои ќе бидат снабдувани од ЕСМ Продажба. За овие фирми имаше застој во одобрувањето на броилата, но од денеска ќе бидат снабдувани од ЕСМ Продажба, соопштија од државната компанија.
На состанокот одржан меѓу РКЕ, АД ЕСМ, ЕВН Електродистрибуција и МЕМО, во согласност со Правилата за снабдување, одлучено е покрај договорот за снабдување, петте фирми со ЕСМ Продажба да потпишат и договор за откуп на киловатите електрична енергија кои сами ги произведуваат, а кои нема да ги искористат и ќе ги вратат во електро-мрежата.
ЕСМ Продажба ќе ги снабдува по субвенционирана цена на струјата од 80е/MWh, а ќе ги откупува нивните преостанати количини по цена од 80 евра, минус 10 проценти.
Договорите со петте фирми ќе бидат потпишани во текот на денот и ќе важат од денеска.
Воведениот принцип ќе се применува и за сите други вакви случаи, доколку се појават при пријавувања за снабдување во следните месеци, соопштија од ЕСМ.