Со суплементот „Ренс“ во борба против ковид 19

304

Зоран Дерновшек е изумител по потекло од Словенија, кој живее во Италија, а неговата сопруга, пак, е по потекло од Охрид, кој има неколку вредни изуми, а еден од нив кој според него е најважен за човештвото е суплементот РЕНС (RENS – Rappid Effect Natural Supplement).

Помина одредено време откога бевте актуелни во македонските медиуми. Како сега гледате на состојбата од оваа временска дистанца? Пандемијата не стивнува, барем не во Европа и САД.

За сè што зборувавме во првиот напис за COVID-19 се потврди, но во меѓувреме дојдовме до нови сознанија.

Се надеваме на се најдобро со вакцината но само со општа вакцинација нема да се запре пандемијата без да се почитуваат сите останати мерки. Потребни се години за да се направи ефикасна вакцина, затоа што треба да се проверат нејзините можне задоцнети ефекти врз организмот. Пристапот со природниот „имунитет на стадото“ исто така се покажа како погрешен, што (несакајќи) го докажаа Швеѓаните. Исто така кај некој, постојат сомнежи за безбедноста во врска со сегашните први вакцини базирани на mRNA. Но се надеваме на се најдобро со вакцината.

Според некој, има индикации дека вирусит е воен па имајќи ја предвид природата на вирусот можно создаден како воен вирус за биолошка војна, и веројатно како таков, планирано се пуштал меѓу луѓето, потребно е да се преиспита и пристапот што се користи и што дава резултати.

Според мене, вистинскиот начин за справување со пандемијата е следниот:

  1. превенција и самозаштита
  2. ран третман, веќе при првите симптоми или при првата потврда на заразата
  3. употреба на брзи и веродостојни тестови (PCR-тестовите, кои се користат од почеток, не се соодветни – тие се бавни и многу несигурни)
  4. развивање на протоколи за лекување и за случаи во поодмината фаза

Со овие проблеми се занимавам од почетокот на пандемијата, во јануари 2020 година.

Би се осврнал на неколку точки од моето гледиште:

  1. Мерките пропишани од епидемиолошката фела (растојание, намалување на дружењето, дезинфекција, заштитна опрема) секако помагаат, особено ако се почитуваат како целина и генерално. Како што знаете, во тој дел веќе развив заштитна „мокра“ маска RENS, која можеби го решава најголем дел од проблемите што ги предизвикуваат „сувите“ маски (полесно дишење, контактна дезинфекција). Јас сè уште работам на решенија за системите за вентилација, климатизерите и филтрите за просториите за патници (автомобил, автобус, воз) и близу сум до целта.
  2. HCQ, витаминот D, витаминот C итн. се користат во раниот третман. Јас лично ја користам оптимизираната формула RENS AVD, развиена од формулите HH + F и HN + F, што се покажа многу добро во практика. Неофицијално, можам да потврдам дека оваа формула се користеше во првиот бран, како превенција, за група лекари, кои сите се во критичната група (над 50 години возраст) и кои работеа со пациенти во DSO. Статистички гледано, најмалку двајца треба да се разболат посериозно и двојно повеќе да се заразат, имајќи предвид дека користеле само обична заштитна опрема, која штити од вирусот околу 40-60%. И од март до денес, никој од нив не се заразил ниту бил позитивен на тестот.
  3. PCR-тестовите, кои се прават во лабораторија со повеќе од 30 циклуси на засилување, можат да покажат позитивен резултат на јаболко или нешто друго, кое содржи органски елементи, и како такви всушност се многу проблематични. Новите, брзи тестови, според информациите, се поверодостојни и тие најчесто се прават на оние кои веќе имаат најмалку првични симптоми на болеста.
  4. Развивањето на протоколи за 3-та или 4-та фаза на болеста не е само во рацете на лекарите, иако позитивните резултати се стигматизирни од медиумите. Досега наидов на случаи во напредна 3-та или рана 4-та фаза (т.е. пред да биде потребна задолжителна хоспитализација за лицето, па дури и респиратор). Лично, и се повеќе и повеќе луѓе кои ја знаат мојата работа, го користиме RENS AVD протоколот, кој дури јас лично мислам дека  и во 4-та фаза може да помогне но не можам да тврдам бидејќи немам студија, но јас лично мислам дека  може да излечи за околу 7 дена во просек  додека не се на респиратор (веќе имаме десетици случаи кај лица за кои е потврдено дека се позитивни на COVID-19 , во присуство на сите симптоми). Подоцнежните фази на болеста сакав да ги истражам во соработка со фелата, т.е. медицина, бидејќи само лекарите имаат пристап до овие пациенти, кои се изолирани во болниците, но моите предлози редовно се одбиваат, со молчење, како да се несериозни.

Кон точка 4, треба да наведеме што всушност вирус му прави на телото. Вирусот може да се надмине лесно, без некои сериозни симптоми. Но, се покажа дека кај некој прележување на вирусот остава последици, внатрешно оштетување на органите, дури и до 30%. Имајќи предвид дека човекот може повторно да се зарази, по 3-6 месеци, кога антителата ќе опаднат (или ако нè нападне нова мутација на вирусот), во тој случај многу е важно, колку организмот ќе биде рехабилитиран до тој момент. Ако се рехабилитира близу 100%, тогаш веројатно вториот напад на вирусот ќе помине како и првиот. Ако не, вториот напад може да биде многу поопасен, дури и животозгразоувачки.

COVID -19, како вирус „химера“, составен од вирусот САРС, ХИВ и грип, можно е да не се повлекува целосно од телото при обично прележување, но нашиот имунолошки систем го става под контрола. Главните начини на кои убива овој вирус се: висок степен на системска тромбоза, паралелно активирање на неколку бактерии (Превотела е само една од нив) и ураган од цитокини – во принцип имунолошкиот систем полудува и работи прекумерно, што може да нè убие.

Во јули 2019 година имав високо ниво на системска тромбоза (тромботски фактор над 30 пати повисок од нормалниот). Каква ми беше крвната слика кога ме примија во болница, никој не веруваше дека ќе го дочекам утрото. Но, бидејќи долго време се чувствував лошо, користев високи дози на RENS, а таа формула од искуство верувам дека останува да дејствува во организмот најмалку 3-4 дена по земањето. Согласно со болничкиот протокол, тие почнаа да ми даваат високи дози на инјекции Фрагмин, против згрутчување на крвта. И тогаш се случи нешто што ги изненади лекарите. Мојата крвна слика се подобруваше неверојатно брзо, излегов од болница за 6 дена, наместо очекуваните 6-8 недели. Подоцна преку анализа дојдов до заклучок дека RENS и Фрагмин работеле синергетски. Ако го користиме сега со COVID -19, би можело да има побрзо лекување, дури и во напредна фаза на болеста, па можеби дури и кога лицето е на апарати за дишење (RENS може да се инјектира и од професионалец). За жал, таа студија не ја направив бидејќи немав повратен одговор од клиниките.

Каква е состојбата во Словенија и Италија каде што живеете моментално?

Во Италија, медицината научи многу за време на првиот бран и тие не дозволија да се повторат истите грешки. ЕУ воведе систем на бои, со мерки соодветни за секоја боја. Регионот во Италија, каде што живеам, во моментов е жолт, следниот степен е зелен, но не верувам дека ќе го постигнеме тоа пред почетокот на следната година. Превентивните мерки сè уште се во сила и се прилагодуваат на ситуацијата во секој регион посебно (Италија има 22 региони). Нашиот регион (Фриули Венеција Џулија) во моментов има повеќе превентивни мерки, но сепак сме целосно затворени.

Ситуацијата во Словенија сега е многу полоша од првиот бран, иако постепено се смирува. Мерките се пропишани но некој не се согласуваат со нив. Секогаш тие имаат шанса да предложат нови мерки. Но вирусот не заразува на политичка основа, национална, верска или на друга основа. На општите мерки мора сите да се продржуваат. Секој кој тоа намерно го саботира ја продолжува епидемијата и ги загрозува прво своите најблиски па сите други.

Дали имате некакви информации за делотворноста на RENS  т.е., теоретски, како и дали може да влиаје на некои патогени?

Ова всушност не е новина. RENS  е тестиран на разни видови настинки и грип, како и на други вируси,  и тоа веќе 4,5 години иако нема официјална студија за тоа туку искуствено. Просечната ефикасност е излекување за 4-72 часа (на ова влијае фазата на болеста, имунолошкиот систем, итн.). Основната формула, од која се состои од RENS, е тестирана во лабораторија, во одгледувачница на патогени (вируси, бактерии, мувла). Се покажа дека со додавање на вода, формулата ги уништува сите патогени во одлгедувачницата за околу 20 милисекунди. На сите мои предавања, ги објаснувам основните три принципи на  функционирање на RENS, присилна оксигенација (снабдување со дополнителен кислород до клетките), алкализација (неутрализација на киселата средина) и прочистување (собирање и отстранување на токсините од телото).

Многу патогени се заштитуваат така што ја закиселуваат околината (и, на пример, рак), со што се спречува нашиот имунолошки систем да биде поефикасен. Кога го алкализираме, имунолошкиот систем станува поефикасен, посилен.

Основната формула во RENS всушност, за да функционира има потреба, од минимум три, а во просек 4 состојки. Потребни ни се: формулата RENS, вода, СО2 и носачот (овој дел не е неопходен, но го продолжува ефикасното дејство на формулата). Кога зборуваме за присилна оксигенација, тоа не значи дека RENS носи цилиндар со О2 (кислород), туку дека тој всушност го обработува постојниот СО2 во повторно во кислород крвотокот, па истиот кислород се користи неколку пати. Доколку не би било така, дополнителниот кислород во телото би предизвикал проблеми со СО2, дури и труење.

Како општ одговор, би рекол дека RENS влијае на патогените на повеќе начини. Во случај на вируси, алкализацијата спречува да се лепат нашите клетки, а потоа ги собира кај себе. Бидејќи клетките на алгите се многу едноставни, во споредба со нашите клетки (само една нишка на ДНК, наместо две), вирусот се мобилизира во алгите и умира. RENS влијае на мувлата со распаѓање на надворешната обвивка на клетките со кислород, а потоа го уништува јадрото со алкализација (мувлата се базира на лимонска киселина). Ги уништува бактериите слично како пеницилинот, но со помалку несакани ефекти. Таа област сè уште не е доволно истражена, така што моите одговори се делумно сè уште хипотези.

Што се RENS маските и како функционираат?

За RENS маските зборувавме пред некое време. Во првиот бран во Италија, преку ноќ, маските станаа задолжителен дел од животот.

На почетокот користевме класични хируршки маски, после тоа FFP1, FFP2, FFP3. Но, со продолжена употреба, се појавија сè повеќе проблеми со овие маски. Сувите маски во принцип ги штитат другите од нас повеќе од нас самите. Патогените микроорганизми се акумулираат на овие маски по само 1 минута употреба, и однадвор и одвнатре. Ако користиме маски, кои не штитат повеќе од другите, тогаш е тешко да дишеме кога ги користиме, што е проблем за луѓето со хронични респираторни заболувања. Со маски кои задржуваат дел од издишаниот воздух (СО2) во џебот на маската пред устата овозможуваат тој повторно го вдишуваме, а тоа пак постепено не труе. Бидејќи маската се поправа најмалку 20 пати на час (има студии за ова), секој допир може да пренесе патогени микроорганизми од рацете на маската или обратно. Некои користат иста маса со месеци иако таа е погодна само за 2-3 часа употреба, па оттаму располагаат со вистински пазар на патогени микроорганизми. Покрај тоа, сувите маски можат да влијаат на терморегулацијата на нашето тело. Значи, сувите маски се делумно решение за превенција, но тие имаат многу недостатоци, особено со продолжена употреба.

Пред околу 8 години, кога започнав со развој во делот на формулата VINS (подлога за животни, која спречува непријатни мириси и пренесување на инфекции, истата подлога е употреблива до 1.5 година), работев и на развој на HEDS формулата (HEDS 00 = канализација и подвижни тоалети, HEDS Earth = чистење на земјиштето од токсични метали, HEDS Space = вселенска технологија за затворени екосфери). Некои ќе се сетат, како што објаснив неколку пати, дека формулата VINS беше пресвртницата што доведе до формулата RENS.

Но, со маските, основниот проблем, кој спречува ефикасна заштита на лицето кое ја носи маската од другите луѓе и обратно, е тешкотијата при дишењето. Затоа решив да ја користам формулата за производство на кислород во вселената HEDS (HEDS Space Oxygen Production), која беше изработена за брза (во реално време) трансформација на СО2 -> О2.

Како функционира RENS маската?

  1. Може да функционира како сува маска, но степенот на заштита во обете насоки е само околу 90-92%. Тука ги следиме упатствата за употреба на суви маски кои се перат.
  2. Може да функционира како „мокра“ маска, за која цел беше и развиена. Кога дишеме, ја исфрламе влагата, која ги затвора дупките во ткаенината (надворешниот и внатрешниот дел), за околу 5-10 минути употреба, се прави воден филм, кој според мене речиси со 100%-на ефикасност ги фаќа патогените однадвор и одвнатре. Помеѓу двата слоја има трет филтер натопен во формулата за производство на кислород. Влагата и СО2 ја активираат формулата, го претвораат СО2 во џебот на маската во О2 (во просек добивам дури 5-10% повеќе кислород отколку без маската), а заробените патогени се стерилизираат со формулата. Ако случајно ја допреме активираната маска со прстите, не пренесуваме патогени, туку ги стерилизираме прстите.
  3. Маската RENS, кога е активирана, според мене, (бидејќи немаме студија) речиси со 100%-на ефикасност го штити носителот и сè наоколу.
  4. RENS маската може (теоретски) да се носи неограничено, но во пракса се користи 1-12 часа, континуирано. Не предизвикува алергии, осип, воспаление на кожата итн. и не би требало да влијае на нашата терморегулација. Во моментов, маските се присутни на 3 континенти, во Европа во 15 земји.
  5. Маската се мие на температура до 40 степени Целзиусови, филтерот се отстранува пред миење и потоа се враќа, а филтерот се менува на секои 3-6 месеци, кога неговата ефикасност на претворање на CO2-> O2 почнува да се намалува.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.