Со суплементот РЕНС во борба со аутизмот

Зоран Дерновшек

Зоран Дерновшек е изумител по потекло од Словенија, а моментално живее во Италија. Тој има неколку вредни изуми , но еден привлекува особено големо внимание. Тоа е  суплементот РЕНС-RENS ( Rappid effect natural supplement) кој  се користи во третирање на аутизам, болести кои ги напаѓаат нервните клетки но и многу други болести.

Во продолжение искуство на родители чие аутистично дете се третира со продукт РЕНС…

  1. Како дознавте за третманот кој го користите за аутизам?

Нашиот син имаше речиси 5 години, но немаше никаков говор  – ниту една буква, само крици, беше многу сензитивен на звуци, имаше потворувачки движења со рацете, немаше концентација и беше отсутен од околината. Чекавме долго време да му дојде говорот и сл, но тоа не се случуваше и веќе немше простор за чекање, па почнавме да бараме решение како да му помогнеме на нашето дете. Како главен извор на информации го користевме интернетот да се запознаеме со различни третмани кои се нудат за подобување на состојбата кај децата. Искрено, ниедна статија не ми даде доволно верба дека нешто може да ни помогне. Јас работам во маркетингот и со моето искуството се надевам дека можам да го препознаам вистинскот производ. Но, по пребарувањето на зборовите “третман на аутизам” сосема случајно ми се појави скромна статија на Г-дин Зоран Дерновшек во весник од Словенија, каде веќе имал успех со третман на аутизмот кај деца и тоа го сторил со неговиот продукт РЕНС. Тогаш нешто ни кажа дека можеби РЕНС ќе му помогне на нашето дете. Прочитавме и прегледавме се за производите РЕНС. За нас беше најважно што продуктите РЕНС се на природна основа и не можат да направат никакв штета, а може да се комбинираат со сите терапии. Ги прочитав сите коментари од клиентите, ги изгледав сите сесии што ги има одржано Г-дин Дерновшек насекаде низ Европа. Се одлучивме да го пробаме РЕНС протоколот и стапивме во контакт преку социјалните мрежи со Г-дин Дерновшек. Пред започнување со терапијата му испративме информации на Г-дин Дерновшек како историја на болеста, опис на моменталната ситуација, возраст, пол, висина, тежина, останати (терапии, резултати, итн.) кои се спроведуваат или се спровеле откога е првпат посомневано на состојбата како и АТЕС тест (Autism-Treatment-Evaluation-Checklist-MSEC)

  1. Како изгледаа промените кај вашето дете кога ја користевте формулата РЕНС?

Од самиот почеток на РЕНС протоколот сме во контакт со Г-дин Дерновшек за да го известуваме за промените, па дури на почетокот му испраќавме и месечен дневник  на дневна основа со промените кај детето. Искуството со промените кај нашиот син беше многу неверојатно за нас. Првите месеци тоа изгледаше како повеќекратен ресет на компјутер. Имавме денови кога многу напредуваше, па потоа ќе се случи ресет, па малку назад за да следниот ден веќе е уште понапреден.  Г-дни Дерновшек ни укажа дека тоа се нормални процеси. Напредокот не е многу брз, но се одеше напред. Прометите стана видиливи само по неколку месеци – се развиваше моториката, почнавме да ги кажуваме првите букви, сензитивноста не беше веќе толку изразена, отсутноста беше намалена. За да не бидеме пристрасни за напредокот на нашиот син, никому не кажавме дека сме започнале со нова терапија. Соседите и пријателите околу нас започнаа да го согледаат напредокот и да ни кажуваат дека е друго дете.

  1. Колку е важно доследно да се следи РЕНС протоколот?

РЕНС протоколот го применуваме веќе 15 месеци. Во овој период се променети неколку вида на РЕНС капки во согласност со промените кај нашето дете и препораките на Г-дин Дерновшек, кој смета дека за 8 до 12 месеци ќе завршиме со протоколот. На почетокот како и сите родители бараме брзи решенија за проблемите, но оваа состојба е нешто за кое е потребна стрпливост, верба и упорност. Во овие 15 месеци немаме направено пауза од протоколот и никаква друга (медицинска или хомео) терапија не му е давана на нашиот син за овој период. Доследноста на протоколот е многу важна според нас.

4.Колку сте среќни што вашето дете почнува понормално да функционира во секојдневниот живот?

Ние како родители сме пресреќни што нашиот син полека ги почнува да ги прати во развој своите врсници.

Пред да започнеме со РЕНС протоколот кога имаше речиси 5 години сакавме само да ни каже зборчиња како мама и тато, и да покаже малку емпатија но немаше ништо.

По само неколку месеци со РЕНС протоколот дојде време да се запишеме во прво одделение, но сакавме да му одложиме за следната година бидејќи се уште немше 6 години и сметавме му дека треба уште малку време. На инсиститирање на психологот, педагогот и директорот на училиштето моравме да го донесеме на тестирање. Го помина тестот, со напомена дека говорот е сеуште оскуден, но ќе го среди социјализација со децата. Во тој момент немаше посреќни луѓе од нас, кога тројца професионалци кои не ги познавате, ќе ви кажат дека вашето дете е спремно за на училиште.

  1. Дали може да се каже дека детето е веке надвор од аутистичниот спектар?

Од самиот почеток со РЕНС протоколот, повремено се прави АТЕС тест (Autism-Treatment-Evaluation-Checklist-MSEC) од Autism Research Institute во САД за да се види напредокот. Тој тест е бесплатен и се прави електронски. Пред РЕНС протоколот ние бевме во групата на речиси средна форма на аутизам. Сега после 15 месеци сме  надвор од спектарот. Тоа е многу релевантен меѓународен тест кој ја дава реалната слика за менталната состојба. Сега веќе и не ни е потребен овој тест, ја гледаме разликата кај нашето дете.

  1. Како ситуацијата со короната влијаеше на изведба на протоколот?

Целокупната комуникација со Г-дин Дерновшек од РЕНС е електронска, сите упатства, совети како и резултати од АТЕС тестовите. Ние не осетивме никакво влијание на пандемијата врз изведбата на РЕНС протоколот. Дури ако беше потребно некогаш имавме и видео советување.

rensprotokol@gmail.com

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.