Со тајна пожарникарска операција спасени предисториските австралиски стрибори

161

Со тајна операција на специјалните пожарникарски единици во последен момент пред налетот на огнената стихија е спасена последната шумичка од австралискиот стрибор, (Wollemia nobilis), предисториски вид дрво коешто го нарекуваат и жив фосил, како една од најстариот и најредок жив вид.

Помалку од двесте стебла од австралискиот стрибор сѐ уште живеат на планетата, сокриени длабоко во планините северно од Сиднеј, чијашто околина е погодена од разорните пожари кои со месеци ја пустошат Австралија, се наведува во репортажата на AFP.

Кога огнената стихија почнала да се приближува кон последните стрибори, пожарникарите со воздушни танкери исфрлиле противпожарен ретардант и со него создале заштитен прстен околку стеблата, а потоа и се спуштиле низ планината и воспоставиле систем за наводнување со цел на ова живеалиште на древниот вид да м осигураат валда. Мет Кин, министер за екологија на сојузната држава Нов Јужен Велс, ваквата операција ја опишува какоа „невидена операција за заштита на природната околина“.

За стриборите, меѓу кои некои се постари од 200 милиони години, значи постари од диносаурусите, се мислеше дека се изумрени, сѐ до нивното случајно откривање на оваа шумичка во рамките на националниот парк Волеми во 1994 година.

Овој вид четинар, кој го добил латинското име по местото каде е најден и по неговиот пронаоѓач Дејвид Нобл, е под специјална заштита на австралиската влада, а местото на пронаоѓањето е тајна дури и за ботаничариет кои го изучуваат.

„Илегаглните посетители би претставувале голема закана за опстанокот на волемијата во дивината, бидејќи би можеле да ја пореметат регенерацијата и да донесат некои болеси кои за нив би биле погубни“, вели Кин.

Семето од стриборите се дистрибуираат до ботаничките градини ширум светот за да се зачува видот, а во Австралија единствено живеат стеблата во дивина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.