Со техничката влада доаѓа одговорност за сите криминали

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во интервју за „Вечер“, зборувајќи за техничката влада која треба да се формира за помалку од еден месец,  потенцира дека токму таа влада и министрите кои ќе бидат поставни од опозицијата, мора да ја спречат кражбата на гласовите и да ги ослободат луѓето од притисок.

„Имаме работа со нечесна влада, имаме работа со обвинителство кое не ги ни испитува и истражува случаите со рекордно брзо гласање на референдумот. Имаме влада која кумува зад криминално-рекетарско-полициски пресметки, како таа во „Александар палас“. Имаме работа со министер за внатрешни работи чие име се поврзува со сите проблематични дилерско-криминални кланови во државава. Имаме работа со Влада која корумпира гласови со армија на партиски вработувања на товар на буџетот на сите граѓани. Тие работи мора да се спречат. Таа техничка влада и луѓето на ВМРО мора да спречат кражба на гласовите на граѓаните и да ги ослободат луѓето од притисок.

Јнаушев откри дека тој нема да биде дел од техничката влада, туку ќе се посвети на партискиот ангажман.

„Знам дека овие денови функционери од СДСМ спроведуваат акција од врата на врата, но вратите остануваат затворени за власта зошто го измамија народот. И тој револт дополнително ќе се зголемува. СДСМ не проаѓа кај народот зошто се коцкаа со Македонија и заедничката иднина“, вели тој.

За постизборниот реваншизам доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, тој вели дека мора да престане. Но, ќе има одговорност за криминалите на сите поранешни и на сите идни функционери.

„Без исклучок од која партија доаѓаат. Треба да знаат дека законите ќе важат за секого исто. И дека обновата не е само подобро утре за сите туку и верба и почитување на принципи. Обновата е надеж дека можеме, знаеме и ќе работиме подобро“, вели Јанушев во интервју за ВЕЧЕР.