Со три гола во финишот Ватфорд убедлив против Челзи

Во последниот меч од 26-то коло на англиската Премиер лига во понеделникот вечерта Ватфорд како домаќин убедливо со 4:1 (1:0) славеше над бранителот на титулата

Домашните поведоа во финишот од првото полувреме кога Динеј во 42 минута го реализираше ударот од белата точка. Гостите, иако со играч помалку откако од 29 минута кога беше исклучен Бакајоко, успеаја да израмнат преку Еден Азар во 82 минута, но во самата завршница Ватфорд постигна три гола. Мрежата на Курота ја затресоа Џанмаат во 84, Делофеу во 88 и Перејре во првата минута од судиското продолжение

Ватфорд сега е 11-ти со 30 бодови, додека Челзи остана четврти со 50 одови, еден помалку од третопласираниот Ливепрул, а еден повеќе од петтиот Тотенхем, двата клуба кои во дербито во неделата ги поделија бодовите (2:2).

Ова е вториот последователен убедлив пораз на Челзи во дуел со екипа од средината на табелата, откако во минатото коло загуби со 0:3 од Борнмут на својот стадион „Стемфорд Бриџ“.

На табелата убедливо води Манчестер Сити со 69 бодови, 13 повеќе од вториот Манчестер Јунајтед.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.