Поранешниот министер за финансии Трајко Славески, смета дека некои од антикризните мерки кои ги донесе владата за справување со коронавирусот, се популистички. Во емисијата „21 минута“ Славески рече дека тоа се мерки со кои се „фрлаат“ пари и тоа позајмени пари.
-Некои од мерките за поддршка од платите на некои погодени сектори, сè е тоа во ред, да се соочуваат работните места. Но некои мерки се популистички, тоа е фрлање на пари, и тоа позајмени пари, пари што ги немамe, рече Славески.
Славески вели дека со туѓи пари може да бидат усреќени многу луѓе.
-Со туѓи пари може да усреќите многу луѓе. Уште ако се позајмени, кои ги задолжувате идните генерации, тогаш треба да бидете многу внимателни, рече Трајко Славески.