Со виски и цигари се решава проблемот со вакцините во Здравствениот дом

На социјалната мрежата Твитер се појави фотографија на која можат да се видат Злате Мехмедовиќ, директорот на Здравствен дом Скопје, дел од вработените во оваа здравствена установа како и градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски како прават дружба со виски, вино и јадење пред нив.

Директорот на Здравствен до Скопје на чело на маса заедно со Градоначалникот на Гази Баба на прослава од работа на кој се пие и пуши, додека деца се вакцинираат со вакцини со сомнителен рок. Од софра, декларација не се проверува!“ стои во твитер објавата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.