Со воздушна пушка повредил соселанец

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С.(25) од с.Горно Коњаре, кумановско, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 22.02.2014 година, во с.Горно Коњаре, пријавениот од воздушна пушка, што ја поседувал без потврда испукал една дијабола, по што го погодил М.З.(73), нанесувајќи му телесна повреда во пределот на подколеното.