Со возило полно алкохол и дрога удрил сообраќаец, па избегал

Жител на тетовското село Желино е сопственик на втомобил со кој засега непознат возач изминатата ноќ намерно со автомобилот повредил полициски службеник кој се обидувал да го запре, а потоа избегал и го оставил возилото, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил утринава десет минути по полноќ на улицата „515“ во Скопје, патничко возило „опел вектра“ удрило во полициски службеник, во пределот на ногата, кој преземал службени дејствија, односно дал знак за запирање на возилото.

Веднаш се преземени соодветни мерки и возилото било пронајдено напуштено подалку на истата улица, Во возилото била пронајдена марихуана, два мобилни телефони и алкохолни пијалоци. Утврдено е дека возилото е сопственост на 60 годишниот З.Н. од село Желино, тетовско.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, за да се утврди кој управувал со автомобилот во текот на инциденето и ги превезувал споменаите сусптанци.