Со вториот импичмент, демократите сакаат да го спречат Трамп да се кандидира во 2024-та

419

Пратениците на Демократската партија во Конгресот на САД планираат во понеделник да ги престават обвинувањата за вториот обид за отповикување на републиканскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека неговите тврдења дека претседателските избори од 3-ти ноември се украдени во полза на неговито демократски поротивкандидат Џо Бајден, ги поттикнале дека да тргнат кон Капитол Хил во средата каде насилно упаднаа во американскиот парламент.

Прашањето што се поставува е дали може против претседателот да се поднесе уште едно барање за отповикување, и тоа на едена седмица пред истекот на неговиот мандат, традиционално на 20-ти јануари. Според американските правни експерти, Конгресот според Уставот тоа може да го стори, иако досега ниеден претседател на САД двапати не се соочил со оваа постапка.

Претставничкиот дом на Конресот, во кој мнозинсвото го имаат демократите, се обида да го отповика Трамп од претседателската должност во декември 2019 година под обвинувањето дека ги злоупотребил овластувањата и наводно ја попречувал истрагата на Конгресот за неговите протисоци врз Украина. Стануваше збор за барањето на Трамп од Киев да го истражи вилијаението на Џо Бајден како потпретседател на САД во прекинувањето на истрагата за корупција и смена на украинскиот државен обвинител во случајот на корупција во украинска енергетска компанија во чие водство беше неговито син Хантер Бајден. Сенатот кој беше под контрола на републиканците во февруари 2020 година по сослушувањата го ослободи Трамп. Подоцна истата година, Хантер Бајден се соочува со истрага за некои аспекти од случајот.

Најчесто терминот „импичмент“ погрешно се толкува како смена на претседателот. Помиот всушност се однесува само на правот на Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот, да го обвини претседателот за „тешко кривично дели или прекршок“, слично на подигнување обвинение во кривична постапка.

Доколку простото мнозинство од 435 пратеници во Претставничкиот дом ги одобри обвинувањата, постапката се сели во Сенатот, горниот дом на Конгресот кој го спроведува судењето. Според Уставот, потребни се две третини од сенаторите за претседателот да биде осуден и сменет. Но, простото мнозинство мнозинство може да одлучи дека тој повеќе не може да се кандидидра.

Правните експерти толкуваат дека овој понизок стандард значи дека демократите, кој подоцна во јануари ќе ја преземат и контролата над Сенатот, имаат реални шанси да му забранат на Трамп да се кандидира на претседателските избори во 2024 година, за што тој неодмана рече дека размислува.

Меѓутоа, овој план има еден проблем, а тоа е што Сенатот за тоа гласа дури по гласањето за осудата и отстранувањето на претседателот.

Пол Кампос, професто по прави на Универзитетот Колорадо, сета дека Сенатот во конкретниот случај може само да гласа за идно дисквалификување на Трамп од изборите. Тоа сценариот станува уште поверојатно, доколку судењето се протегне и по 20-ти јануари, кога престанува мандатот на републиканскиот претседател, смета Кампос во анкетата на Reuters.

Поради тоа, сега се поставува прашањео колку брзо Трамп би можел да биде отпповикан и сменет.

Експертите за „импичментот“ во американските медиуми сметаат дека тоа теоретски може да се случи многу брзо, во рок од неколку дена, бидејќи двата дома на парламентот имаат доволно слобода да ги одредат правилата за постапката. Меѓутоа, според постојните правила, коишто сепак може да се променат, постапката би било тешко да се заврши за помалку од три седмици, оценува Кампос.

Покрај тоа, се поставува и прашањето за кои „тешки кривични дела и прекршоци“ би можело да биде обвинет претседателот Доналд Трамп.

Френк Боумен, професор на уставно право на Универзитетот Мисури, на пример, тврди дека Трамп „отворено повикувал на бунт“, односно на соборување на американската влада. Притоа, нејасно е на која влада мисли професорот, кога сѐ уште не се познати ниту сите номинирани кандидат во владата на Бајден, кои потоа ќе треба да го минат процесот и на потврдување во Конгресот.

Поради тоа Боумен, додава дека Трамп би можело да биде обвинет и за многу поопштото дело „нелојалност кон америакнскиот устав и кршење на свечената заклетва“. Конгресот има дискреционо право да го дефинира кривичното дело и прекршокот и не е ограничен на постојниот список кривични дела.

„Темелното кривично дело би можело да биде она против Уставот, она коешто се однесува на обид да се соборат законски резултатит од законско спроведени избори“, посочува Боуман, што веројатно е стратегијата на демократите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.