Битолчани во голем број денеска ја дадоа својата поддршка на иницијативата на ГДОМ на плоштадот „Магнолија“.
Од минута во минута расте бројот на граѓаните кои порачуваат дека изборите се единственото решение за надминување на кризата, чија сериозност и се заканува на државата.
Најавено е дека маршот од плоштадот „Магнолија“ ќе продолжи на Широк сокак, па пред штабот на СДСМ.
Имено, од ГДОМ повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите.