Руските противвоздушни сили ноќта кон петокот собориле модифициран проектил С-200 со кој Укрина се обидела да нападне цивилни цело на руска територија, соопштија од Москва.
Проектилот е соборен со систем на противвоздушната одбрана над регионот Калуга, која се граничи со пошироката област на руската престолнина Москва, соопшти руското Министество за одбрана.
Два од московските аеродроми – Внуково и Домодедово во раните утрински часови во петокот на одредено време ги запреле летачките операции, пренесуваат медиумите.
На социјалните мрежи претходно ноќта се појавија известувања од жителите на руските региони Тула и Калига дека се слушале експлозии.
„Ноќва беше спречен обидот на режимот во Киев да изврши терористички напади врз цивилни цели на територијата на Руската Федерација со ракета на модифицираниот систем за противвоздушна одбрана С-200. Ракетата беше откриена и уништена од системите за противвоздушна одбрана над територијата на регионот Калуга“, се вели во извештајот на руската војска.
Се додава дека украинската војска зачестено ги ракетира руските погранични територии кои се под напади на беспилотни летала и обиди за саботажи чијашто цел е да се заплаши цивилното население. На 12-ти август Киев изведе два обида да го погоди Керченскиот (Кримски) мост со идентични модифицирани проектили од сисетмите С-200, но и двете ракети беа соборени, а една падна во Брајнската област.
Според воени аналитичари од областа на воздушните сили употребата на модернизирани и модифицирани ракети на противвоздушниот ракетен систем С-200 овозможува гаѓање на копнени цели на оддалеченост до 600 километри.
Ракетниот систем С-200 со долг дострел е развиен во ерата на Советскиот сојуз кога служел за противвоздушна одбрана, и е претходник на следните напреди системи С-300, С-400 и С-500 Триумф. С-200 е дизајниран да заштитува големи области од бомбардери и други стратешки авиони. Првичната верзија на комплексот е развиена во 1964 година и е во употреба од 1967 година. Како тогаш најмоќно противвоздушно оружје, системите за воздушна одбрана С-200 долго време беа распоредени само на територијата на СССР, нивните испораки во странство започнаа во 1980-те години, кога се појави системот за воздушна одбрана С-300П.