Соборен воен авион на сириската Влада

40

Воен авион на сисриската Влада се урна во провинцијата Идлиб откако беше погоден од бунтовничка група, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

 Просириската опозициска телевизиска станица „Ориент“ наведува дека авионот бил урнат над Кан Шејкун, град кој е под контрола на бунтовниците.

Сириските државни медиуми не известуваа за инцидентот, пренесе „Ројтерс“.

Џихадистичката група Тарир ел Шам, соопшти дека го урнала авионот над Идлиб. Групата навела дека се работи за авионот „сухој 22“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.