Собрани 53 единици крв на крводарителската акција во Крива Паланка

крв

Со собраните 53 единции крв на денешната и 34 на претходната акција месецов се собрани вкупно 87 крвни единици на подрачјето на Крива Паланка и Ранковце, информираше Љупчо Николовски од ОО Црвен крст  Крива Паланка. 

Акцијата се реализира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина-Скопје. 

Согласно со Планот за крводарувања, во 2017 година предвидено е да се спроведат околу 25 акции на територијата на двете општини, а  проектирани се 711 единици крв.