Собранието ја изгласа интерпелацијата за Илире Дауити

Со 61 глас „за“, 22 „против“ и ниту еден „воздржан“, пратениците во Собранието ја изгласаа интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути.

Интерпелацијата беше поднесена од пратениците на Левица, а со изјаснувањето на мнозинството пратеници кои ја поддржаа Собранието констатира дека наводите во неа за работата на Даути се основани.
Како што може да се види од листата од гласањето, покрај пратеници на опозициската Левица, за интерпелацијата на претседателката на собраниската Комисија гласаа и нивни колеги од владејачкото мнозинство, односно од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

По оваа точка на дневниот ред на денешната пленарна седница, прва во новата година, не се изјаснија пратениците на опозицискиот СДСМ, кои ја напуштија седницата на која освен интерпелацијата на Илире Даути на дневен ред се интерпелациите за работата на министерот Панче Тошковски, неговиот заменик, Астрит Исени и за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоиљковиќ, поднесени од пратеничката група на коалцијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ.