Собранието без струја – Талат преку СМС-пораки ги информирал пратениците да останат дома

Претседателот на Собранието на Репблука Македонија, Талат Џафери, ги известил пратениците преку СМС – пораки, дека утре нема да имаат никакви активности во законодавниот дом, како и дека интернет страницата на парламентот не е во функција поради прекин на електрична енергија.

„Почитувани пратеници, ве известувам дека за утрешниот ден нема закажани активности“, гласи една од СМС – пораките.

Во втората, Џафери го информира пратениците за состојбата со струјата во Собранието.

„Заради прекин во електричното напојување во Собранието, веб страницата на парлемантот е недостапна“, гласи втората порака.