Собранието даде зелено светло за формирање на ново министерство

Кабинетоt на премиерот Зоран Заев наскоро ќе се прошири со ново министерско место откако денеска Собранието даде зелено светло за формирање на новиот државен орган.

Собранието гласаше позитивно за потребата од законски измени на два закони со кои што се предлага создавање на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Според предлагачите на законските измени, новото министерство треба да биде замена за Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор којшто потоа би бил укинат. Министерството ќе има за задача да ги спроведе и имплементира законите коишто произлегоа од Охридскиот договор како Законот за јазици.

Формирањето на ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците е потребно и произлегува од анализата на Рамковниот договор од 2015 година, рече пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, на денешната собраниска расправа за измените во Законот за Владата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.