Собранието денес ќе одржи три седници

Собранието денеска ќе ги одржи 45., 50. и 51. седница.

На дневен ред на 45. седница се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за трговските друштва, за игрите на среќа и за забавните игри, за животната средина и за служба во Армијата на Република Сeверна Македонија, сите во прво читање.

Пратениците во рамки на 50.седница ќе расправаат по предлог-законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка, предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, предлог на стратегија за родова еднаквост 2021-2026, предлог-закон за парничната постапка во прво читање, предлог-закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство во прво читање.

На дневен ред на седницата се и измените и дополнувањата на законите за минерални суровини, за државен пазарен инспекторат, за јавни претпријатија, за земјоделство и рурален развој. Пратениците ќе расправаат и по годишниот извештај за работењето на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2020 година, финансиските извештаи на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2020 година, извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2020 година, годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2020 година, финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2020 година и годишниот извештај за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во Македонија во 2020 година.

Во рамки на 51.седница пратениците ќе расправаат по предлог-законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции, предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, предлог-законот за адвокатурата, за Академија за судии и јавни обвинители, предлог-законот за дополнување на Законот за ловството, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, сите во прво читање…