Собранието ќе ја почне расправата по предлог Буџетот за 2021 година

Денес во Собранието започнува расправата по предлог Буџетот за 2021 година.

Од 11 часот е закажана Комисијата за финансирање и буџет каде општиот претрес и претресот по амандманите по предлог Буџетот може да трае најмногу вкупно десет работни дена.

Според Деловникот на Собранието пратеник во текот на општиот претрес може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути.

Претставникот на Владата во општиот претрес може да говори повеќе пати но не повеќе од 30 минути вкупно.

Во текот на претресот по секој од амандманите пратениците може да говорат само еднаш во траење од десет минути.

По завршување на расправата во Комисијата, Буџетот од на пленарна седница каде расправата може да трае најмногу 5 дена.

На предлог Буџетот за 2021 година поднесени се 527 амандмани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.