Собранието го донесе Законот за попис

Со 62 гласа „за“ и без гласови „против“ и „воздржани“, Собранието го донесе Законот за попис. Законот го помина и двојното или Бадентеровото гласање, односно тој доби поддршка од 29 пратеници од немнозинските заедници.

За Законот за попис освен владеачкото мнозинство гласаа и пратениците од опозициските Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Помеѓу двете гласања настана кавга меѓу претседателот на Собранието Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Мицевски помеѓу првото и второто гласање, процедурално побара пауза од еден час, но Џафери ја продолжи процедурата на гласање, по што Законот за попис беше донесен. По ова Џафери даде еден час пауза.

ВМРО-ДПМНе не гласаше за Законот за попис. Опозицискта ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе собира граѓански потписи за поништување на Законот за попис.