Собранието го ратификува Протоколот за членство во НАТО

63

Со 114 гласови – ЗА, ниту еден против и без воздржани, собранието го усвои Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор за членство на земјава во НАТО Алијансата.

 На седницата ѝ претходеа излагања на претседателот на државата, Стево Пендаровски, собранискиот спикер, Талат Џафери и претставници од политичките партии во парламентот.

Со ова до полноправното членство во НАТО, Македонија ја дели ратификацијата во Парламентот на Шпанија.

Предлог-законот за ратификација влезе во собраниска процедура, откако Владата се одлучи за предвремена ратификација кај нас, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед на тоа што земјава оди на предвремени избори на 12 април.

Ратификацијата кај нас ќе има одложено дејство и ќе се активира откако процесот ќе заврши во Мадрид

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.