Собранието го ратификуваше Договорот со Бугарија со 61 глас и еден воздржан

Парламентарното мнозинство, чиишто пратенци единствоено беа просутни во понеделниткот во Собранието, во понеделникот го донесе Законот за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија, откако за него гласаа 62 пратеници, од кои 61 пратеник гласаше „за“, а еден беше воздржан.

Законот мина минималната но доволна поддршка, а беше ставен на гласање откако собранискиот спикер констатираше дека биле присутни 66 пратеници, што е повеќе од присуство на 61 пратеник како услов за гласање.

Воздржано гласаше пратеник од коалицијата на СДСМ, Ферид Мухиќ. Рече дека договорот не е симетричен и дека Владата на Република Македонија плаќа цена со него.

„Вообичаено е договорите за пријателство, добрососедство и соработкја да бидат правени врз принципите на реципроцитет и да бидат симетрични. Овој договор не спаѓа во таа стандардна форма, не е граден врз принципите на реципроцитетот и не е симетричен. Во неколу клучни точки отстапува од тоа. Ова треба да се спомене, значајно е да се нагласи дека македонската страна, односно оваа Влада, прават напори кои излеуваат од стандардот, кои не се вообичаени и со тоа ја нагласуваат својата способност да одат подалеку. Тоа е нешто што е многу значајно. Она што се добива со овој договор има и свој цена. Цената е во гестот на македонската власта, кој е крупен и поради тоа јас ќе гласам воздржано“, рече Мухиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.