Собранието исплатило две апанажи на Амди Бајрам четири дена откако починал

Поранешниот претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, како пратеник од претходниот мандат во Законодавниот дом добил исплата на две апанажи од Собранието четири дена откако починал, објави „Фактор“.

Амди Бајрам почина на 24 октомври а на 28 октомври Законодавниот дом му исплатил две отпремнини од по две просечни македонски нето-плати, односно вкупно 110.140 денари.

Во краткиот одговор, Собранието потврдува дека Бајрам бил исплатен со четири просечни македонски нето-плати, но не се споменува дали станува збор за погребни трошоци или пак плата која ја побарал како пратеник на кого му истекол мандатот.

Во законот за пратеници еден народен избраник има право на погребни трошоци во висина на просекот на двете последни плати, но пратеник на кој му истекол мандатот го нема тоа право.