Собранието ја прифати оставката на Трајковски

Собранието денеска ја констатира оставката на Горан Трајковски од функцијата директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци на негово барање.

Трајковски во оставката, која во Собранието е доставена во петокот, пишува дека од лични причини си оди од ДЗЛП.

Според некои медиуми Трајковски заминува од ДЗЛП за да стане директор на Еуростандард банката.

Тој во оставката која во петокот ја доставил до Парламентот вели дека „верува оти оваа клима на отворена поддршка и препознавање на значењето на заштитата на личните податоци во време на интензивни информатичко-технолошки развој и поврзување, време кога секој од нас волно или неволно станува граѓанин на светот, Собранието ќе го потврди со час поскоро носење на новиот закон за заштита на личните податоци кој е целосно усогласен со новата Општа регулатива за заштита на личните податоци на ЕУ и со чие носење ќе успееме да останеме во целост усогласени со европското законодавство“.