Собранието ќе има тројца потпретседатели

На денешната трета седница Собранието на Република Македонија ја усвои Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Парламентот.

Пратениците ги усвоија и предлог-одлуките за основање постојани работни тела на Собранието, за основање делегации, пратенички групи и други облици на остварување на меѓународната соработка на Собранието на Република Македонија и за објавување оглас за избор на членови на Комисијата за верификација на фактите.

Со Предлог-одлуката поднесена од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се предлага Собранието да има тројца потпретседатели.

Бројот на потпретседатели го утврдува Собранието на Република Македонија по предлог на претседателот на Собранието, а кои се избИраат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието.

Во новиот пратенички состав коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник, ДУИ 19, ДПА 7, ГРОМ 1 и НДП 1.  СДСМ освои 34 пратенички места, но одлучи да не учествува во работата на Собранието.

На денешната седница Собранието констатираше дека на Руфи Османи од НДП му прекинува мандатот.

МИА