Собранието на МОК намерно ќе се минира, крилото на ДУИ пред пораз од крилото на СДСМ

Пред утрешниот избор на нов претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК), членовите на Управниот одбор ја отфрлија кандидатурата на Александра Војнеска-Зикова со што се фрла голем сомнеж на утрешниот избор.

Војнеска-Зикова заедно со Даниел Димовски се двајцата кандидати за наследник на Васил Тупурковски кој е единствениот претседател на МОК од неговото формирање.

На прв поглед се чини дека некој ја отстранува Војневска, но по вчерашниот Управен одбор на МОК им станало јасно дека ја губат битката зад која стојат неколку федрации како Атлетика, Борење, Карате и Томе Андоновски од Агеницијата за млади и спорт, иако деновиве лобирале до секој член на Собранието на МОК, небаре се работи за политички партии. Повеќе од јасно е дека зад Даниел Димевски стои СДСМ, но и неговата работа во Кошаркарската федерација на Македонија, а зад Војневска поранешниот директор на АМС, Дарко Каевски, заради лични интереси, како и ДУИ, односно Артан Груби.

Нивното сценарио е утре изборот да се прогласи за нелегитимен, бидејќи ја имат изгубено битката, а одлуката на Управниот одбор на МОК да ја отфрли кандидатурата на претседателската на Атлетската федерација на Македонија, бидејќи кандидатот мора да има стаж од најмалку четири години на раководна функција на македонска спортска федерација, е само договорен параван.

Повеќето членови кои треба да гласаат ги иритирало тоа што некои од крилото на Војневска велеле дека таа е само параван и дека во суштина друг ќе управува со МОК. А нејзината струја веќе и си ги поделила функциите.

Но, челнови на УО кои сакаат да останат неутрални, велат дека нема никакви програми, а уште помалку транспарентност за она што го нудат тие.

Нормално,Војнеска Зикова изразува револт и со привзраниците правдата ќе ја бараат на утрешното Собрание на МОК.

– Пред да ја поднесам кандидатурата се консултиравме со адвокати, згора на тоа нашиот секретар исто така е адвокат и затоа се кадидирав бидејќи според законот ги исполнувам условите. Ние се водиме според законот за здруженија и фондации каде во член 21. стои дека секое лице кое што може да донесува одлуки е одговорно лице и функцијата на потпретседател е токму тоа, дури и генералниот секретар на федерациите ги исполнува условите пропишани од МОК.  Пред неколку дена кога ги објавија имињата на кандидатите тие објавија дека јас имав 13 гласа, а противкандидатот 34, но како што наближува денот сфаќаат дека ситуацијата е поинаква и мојата поддршка од федерациите е поголема. Тие бараат начин да има само еден кандидат, не ни дадоа идентичен третман но како што сфаќаат дека ситуацијата е поинаква и мојата поддршка е далеку поголема, решија на 24 часа пред Собранието да ме елиминираат – вели Војнеска – Зикова која вели дека ќе се појави на утрешното Собрание и ќе биде прифатена нејзината кандидатура.
– Прв пат во историјата имаме легитимно собрание каде конечно мнозинството е кај спортските федерации, а не кај пријателите на МОК, прв пат има и жена за кандидат, но тие сепак бараат начин како да ме елиминираат од трката. Собранието е највисок орган кое може да носи одлукиза сите работи и убедена сум дека моите зебелешки ќе бидат прифатени со што и ќе имаме двајца кандидати за претседател на МОК – додава Александра Војнеска-Зикова.

Од друга страна, Даниел Димевски е поранешен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, и е поранешен советник на премиерот Зоран Заев.