Собранието утре ќе избира заменик-министер за здравство

17

Собранието на Република Северна Македонија утре ќе ја одржи 120. седница на која треба да биде избран заменик-министер за здравство.

Владата за нов заменик-министер за здравство го предлага Арменд Арслани, специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, кој претходно работел како доктор по општа медина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга.

Арслани треба да дојде на местото на Асим Муса, кој поднесе оставка на функцијата по скандалот дека зел мито од пациент од Албанија за да му овозможи операција во Струга.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.