Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања се очекува денеска да расправа за барањето на Кривичниот суд за одземање на имунитетот за шестмина пратеници, кои обвинителството ги товари за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, а во врска со насилствата во Собранието на 27 април годинава.
Во Собранието вчера стигнаа барањата од судот за укинување на пратеничкиот имунитет за Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, за да одлучи за барањето на Јавнто обвинителство за одредување притвор.