21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Собраниското мнозинство го отфрли предлогот на коалицијата за „Обнова на Македонија“ за состојбата за откупот на тутунот од реколта 2020/2021

Толку за наводната грижа за тутунопроизводителите!, објави претеникот Лјупчо Димовски, поранешен министер за земјоделство.

„За да не се слушне гласот на вистината, таканареченото собраниско мнозинство денес го отфрли предлогот на пратениците од опозициската Коалицијата “Обнова на Македонија”- ВМРО-ДПМНЕ, СПМ, Гром и ДПСМ Информацијата за состојбата за откупот на тутунот од реколта 2020/2021 во дневниот ред на денешната Седница да добие приоритет и итно да се расправа!

Докажано и потврдено кај власта безгранични се лицемерието, лагата и измамата на тутунопроизводителите!“, вели во својата објава Димовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.