Сочни пилешки крилца

0,5 кг пилешки крилца
1 лажичка маслиново масло
сол
бибер
20 гр сенф
3 лажички мед
2 лажички јаболков оцет
2 лажички лут сос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Вклучете ја рерната да се загрее на 220 степени. Отстранете го вишокот течност од пилешкото со помош на хартиена салфета. Во поголем сад ставете пилешко, додајте масло, сол и бибер и добро измешајте. На лим со решетка рамномерно наредете пилешко. Пред тоа под решетката на лимот ставете хартија за печење.

Печете го пилешкото 45-50 минути, односно додека кожата не стане крцкава. Во сад ставете сенф, мед, оцет и лут сос па соединете. Извадете го пилешкото и секое парче потопете го во сос. Вратете го пилешкото назад во рерна и печете уште 10 минути.