Социјалдемократот Велјаноски: Со оваа влада Македонија плати голема цена со промена на името

Со Преспанскиот договор, иако некои прашања, блокади се решија, но се отвори пандорината кутија и понатаму ќе видиме до каде ќе се оди, истакна при своето гостување во „Топ тема“ на Телма телевизија поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Митре Велјаноски.

Велјаноски во продолжението рече дека Македонија не треба по секоја цена да влезе во Еевроската унија.

„Ова значи промена на стратегијата, да се оди точка по точка, а да не се отвараат главните, тешките прашања. Дефинитивно, мора да се отворат и затворат тие тешки прашања, но не на штета на Македонија, затоа што ние сме уценетата странка со членството во Европската унија. Ние треба да му кажеме на секој дека не по секоја цена Македонја треба да влезе во ЕУ“, рече Велјаноски.

Додаде дека иако е решен спорот со Грција, Македонија сега има поголеми проблеми.

„Едно болно тешко прашање кое ни беше 30 години камен околу вратот го решивме со Грција, да го затворивме, но по која цена да не разговараме, бидејќи таква цена никој нема платено ниту една држава. Ја плативме цената, но сега имаме поголеми проблеми, буквално поголеми проблеми, имаме негирање на македонската нација“, рече Велјановски.