Социјализација, физички активности и медицински услуги, „Феникс“ организира дневен престој за повозрасните

Сите повозрасни лица кои имаат потреба од дневен престој или пак потреба од социјализација, дружење, исполнет ден, психотерапија, на оние кои им фалат физички активности, медицински потреби, како и транспорт од дома до домот и нивно враќање, сега можат да ја користат и оваа нова услуга на врвниот персонал на „Феникс“.

Овој модел можат да го користат и изнемоштени лица, кои не можат самите да се грижат за себе во текот на денот, здрави лица кои им е потребно денот да им биде квалитетно исполнет и исто така и лицата кои имаат деменција, за кои семејството не е во можност да биде постојано присутно, вели Андреј Колев од „Феникс“.

„Секогаш сме се труделе да правиме нови работи, да бидеме креативни, и да им дадеме што е можно повеќе опции на луѓето. Сега сме ланец, голем тим и можеме да го понудиме овој тип на згрижување со врвен квалитет. Овој модел на згрижување е исто така и добар показател за луѓето кои имаат предрасуди кон домовите за стари лица, да дојдат, да видат како изгледа еден ден во „Феникс“, да почувствуваат дека ова не е казна, туку напротив, олеснување и да имаат претстава за понатаму дека можат да си бидат згрижени и на месечно годишно па и доживотно“, вели тој.

Оваа услуга во „Феникс“ чини 1.200 денари од ден и вклучува оброци, физикална терапија, психотерапија, медицинска поддршка, асистирано живеење, социјални активности, прошетки итн. Транспортните услуги се плаќаат дополнително, односно од дома до домот и нивно враќање, а корисниците може да доаѓаат кога сакаат и колку сакаат во текот на неделата, но со закажан термин.

„Во најголем процент семејствата се тие кои бараат помош од домот за сместување на своите родители или пак роднини, но во изминатите години расте и бројката на стари лица кои сами се приклучуваат и ги разбираат бенефитите од ваквото домување. Бидејќи сме ланец, поголема е предноста токму поради четирите локациски на кои сме распространети на сите делови од градот, така што тоа уште повеќе им олеснува на луѓето бидејќи можат да изберат локациски како најдобро им одговара за нивните потреби“, додава Колев.

Феникс е ланец на старски домови чија историја е од богат размер, првиот старски дом е основан во 2002 година. Денеска Феникс располага со три старски дома „Феникс Геромедикал”, „Феникс Премиум” и „Феникс Фемили”, а наскоро се отвора четвртиот под името „Феникс Гарден“ во населбата Црниче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.