Социјалните мрежи „вријат“ од прашања до функционерите на СДСМ: Дали ќе се откажат од платите над 70 илјади денари (ФОТО)

Откако вчера лидерот на СДСМ Зоран Заев обелодени пред целата јавност дека функционерите, градоначалниците, пратениците и јавната администрација за месец април и мај ќе земаат минимална плата од 14.500 денари се со цел да се стимулира економијата погодена од коронавирусот, денеска јавноста со илјадници прашања до функционерите на СДСМ.

Имено јавноста преку социјалните мрежи прашува дали Роберт Поповски, Николче Тасевски, Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Мила Царовска, Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски, ќе се откажат од своите плати кои се во висина од над 70 илјади денари во знак на солидарност кон македонските граѓани.